Прогноза за 13.11.2022

Променливо облачно, по одделни котлини ќе има услови за слаба магла. Во западните делови претежно во претпладневните часови ќе има услови за појава на краткотраен дожд, а во источните преку денот времето ќе е сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец.

Минималната температура ќе се движи од -1 °C до 7 °C , додека максималната ќе биде во интервал од 7 °C до 17 °C.

Во Скопје променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија.

By Author