Прогноза за 12.11.2022

Променливо облачно и посвежо со повремени локални врнежи од дожд. На планините, особено во западните делови ќе има повремени врнежи од дожд и снег, а само на повисоките планини повремен слаб снег. Ќе дува слаб до умерен, повремено засилен ветер од североисточен правец.

Минималните температури ќе се движат од 1 °C до 8 °C, додека максималните ќе бидат во распон од 4 °C до 15 °C.

Во Скопје променливо облачно и посвежо, претпладне со повремен дожд. Ќе дува умерен ветер од североисточен правец.

Соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија.

By Author