Еден од најбогатите луѓе во светот, основачот на компанијата Мајкрософт, Бил Гејтс, објави дека се разведува од сопругата Мелинда по 27 години брак.
Во краткото соопштение тие изјавија дека „тие веруваат дека повеќе не можат да растат заедно како пар“.
Меѓу другото, двајцата беа ко-основачи на Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс, најголемата приватна добротворна организација.
“После многу размислување и многу работа на нашата врска, донесовме заедничка одлука за развод. Во изминатите 27 години, одгледавме три неверојатни деца и создадовме фондација која работи низ целиот свет за да им овозможи на сите луѓе да водат здрав, продуктивен живот. Продолжуваме да веруваме во оваа мисија заедно и ќе продолжиме да работиме за фондацијата, но повеќе не веруваме дека можеме да растеме како пар во следната фаза од нашите животи. Ве молиме, обезбедете простор и приватност за нашите семејства на почетокот на оваа нова фаза од нашите животи. “стои во заедничката изјава на Твитер профилот на Бил Гејтс.