Ана Бекута долги години беше член на жирито во шоуто “Ѕвездите на Гранд”, сега Александар Саша Попович има проблем. Како што знаеме многу од естрадните ѕвезди се во конфликт, а неретко и судски ги решаваат меѓусебните проблеми.
После смрта на нејзиниот партнер Милутин Мркоњич, Ана Бекута реши да се повлече од јавниот живот. Таа тоа го објави на нејзиниот инстаграм профил. Се заблагодари на изразеното сочуство, на институтот за кардиоваскуларни болести и на СПС за организацијата на погребот и целата подршка.
Бекута ги откажала сите настапи и учества во емисии и интервјуа, таа се извини на организаторите.
Саша во шоуто веќе има еден пар меѓу кој има тензија, Мили и Цеца. Неофицијално има најава за преговори со Мира Шкорич, но познато е дека Мира и Цеца не се во најдобри односи, па така се очекува гледаноста да оди во нагорна линија. Но дали Мира ќе прифати да биде повторно во центарот на вниманието, откако веќе долги години ја нема по жолтиот печат и со што би ја убедил Саша во такво нешто останува да видиме.