Младата пејачка која за кратко време постигна голем успех, ќерката на фолк пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ, Анастасија Ражнатовиќ, вечерва во ресторан во главниот град го слави својот 24 роденден и ќе приреди гала забава со Јован Јоца Стефановиќ и Вања Мијатовиќ. .
Анастасија се појави во црн полупроѕирен фустан со ракави и дреч розе сандали за кои многумина мислат дека не одат заедно.
Обожавателите на мрежите се уште ја фалат нејзината шминка и фризура и и го честитаат роденденот.
Музичарот кој пее на нејзиниот роденден вели дека е подготвен за добра забава, и дека бакшишот не му е важен.
„Засега Анастасија немаше некои посебни барања кога е музиката во прашање, но веројатно ќе го има во текот на ноќта“, вели тој.
Цеца и семејството Гудељ заедно пристигнаа на прославата на роденденот на Анастасија.
Цеца и посака ќерка си да биде здрава и среќна.
Прославата трае од синоќа“, изјави Цеца. Таа вели дека го запознала и „зетот“ фудбалерот на Севиља и српската репрезентација, Немања Гудељ.
Немања Гудељ синоќа приреди изненадување кое ја расплака Цеца, но не сакаше да открие за што се работи.
Немања е џентлмен, имав среќа да се омажам за господин, мило ми е што и таа најде таков човек“, изјави Цеца.