Аријана Виера, актуелната мис на Венецуела, трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа во Орландо, Флорида. 26-годишната девојка беше многу перспективна манекенка, но нејзиниот млад живот нагло запре. Тажната вест ја потврди нејзината мајка Вивијан Очоа.
Аријана загина во сообраќајна несреќа која се случила откако заспала на воланот и удрила во камион. Нејзината мајка истакнала дека нејзината ќерка била преуморна по низа деловни обврски, поради што заспала додека возела.
Која беше Аријана Виера?
Аријана Виера беше многу повеќе од модел; била и претприемач и директор на компанијата „Full House Cleaning“. Нејзината кариера постојано растеше, а таа имаше големи планови за својата иднина, вклучувајќи го и учеството на престижниот избор Мис Латинска Америка на светот 2023 година. Таа го очекуваше и нејзиното деби на модна ревија во Њујорк.
„Таа им помогна на толку многу луѓе, ќе престанеше што и да прави во тоа време, ако требаше да помогне некому или да го слуша“, додаде Вивиен.
Таа живеела со своето семејство во Америка, а тие воделе компанија која нуди услуги за чистење на куќи.