Фармерките се едно од оние безвременски парчиња облека без кои многу жени не можат да ја замислат својата гардероба.
Ги носиме во разни прилики, најчесто секојдневни како одење на работа или извршување на разни обврски.
Фармерките одамна станаа избор за вечерни излегувања во кои ги комбинираме со поелегантни или гламурозни парчиња како што се вртоглави потпетици и строги јакни, а незаменливи се и во полежерните дневни излегувања каде сакаме да изгледаме убаво.
Така Блејк Лајвли избра фармерки за дружење со своите пријателки. Познатата актерка отиде во познатиот њујоршки приватен клуб Zero Bond во друштво на Тејлор Свифт, Џиџи Хадид и сестрите Хаим, Есте, Даниела и Алана.
Таа не избра некои скапи фармерки, туку модел на Зара од нивната колекција пролет 2023 година.
Таа носеше карго верзија на фармерки со странични џебови. Модел со висок струк со равни ногавици, го комплетираше со црн топ над кој облече елек, а изданието го заокружи со сандали на високи потпетици.
Карго фармерките кои кај нас се попознати како војнички панталони се еден од моделите кои според модните експерти ќе ја одбележат не само оваа пролет, туку и цела 2023 година. Овие модели на полежерен крој, украсени со преголеми џебови и инспирирани од воената мода, го доживеаја врвот на популарноста кон крајот на 90-тите и почетокот на 2000-тите.
Сега повторно се во мода, пред се благодарение на бројните модни куќи кои ги вклучија во нивните колекции во изминатите неколку сезони. Очекувано, најпопуларна варијанта на карго панталони е онаа од фармерки, но не заостануваат и моделите од други материјали.