Диетата не мора да биде досадна и напорна!

Патот до губење на тежината и посакуваната фигура може да биде заморен, особено ако се обидувате да се откажете од сета храна што ја сакате.

Ова е една од најчестите грешки што ги прават луѓето. Но, што ако се фокусирате на храната што можете да ја додадете во вашата исхрана, наместо на онаа што ќе треба да се одречете од себе?

На пример, овошјето е здрава, вкусна, природно слатка храна која може да ви помогне да изгубите тежина, особено ако сакате да ги намалите мастите од стомакот.

Според д-р Кортни де Анџело, едно од најдобрите овошја што можете да ги јадете за рамен стомак е јаболкото!

Јаболката се здрави поради многу различни причини – тие можат да го намалат холестеролот, да го контролираат крвниот притисок, да го подобрат здравјето на цревата. Исто така, според Де Анџело, тие помагаат да се спречи салото на стомакот. Потоа, јаболката се богати со пектински влакна, кои ја зголемуваат ситоста.

„Кога се чувствуваме сити, нема да посегнуваме по дополнителни закуски, а јаболката исто така имаат малку калории и шеќер, па затоа се одлично овошје за рамен стомак“, вели Анџело.

Јаболката исто така се богати со полифеноли, корисни антиоксиданси за кои е познато дека помагаат во контролата на тежината. Една студија покажа дека редовното јадење јаболка е поврзано со губење на тежината.

Друга група јапонски студии открија дека полифенолите од јаболкото се поврзани со намалување на висцералните маснотии, што е опасен вид на маснотии што се наоѓа во близина на вашите абдоминални органи.

Ако вашата исхрана е заморна и здодевна, обидете се да додадете неколку исечени јаболка во чинијата со овесна каша, особено затоа што влакната што се наоѓаат во овесната каша се поврзани со контрола на тежината.

By Author