Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа: Направени се 745 тестови, а регистрирани се 75 нови случаи на КОВИД-19, 94 оздравени пациенти и не е регистрирано починато лице.

Од вкупниот број на позитивни (75), регистрирани се 23 реинфекции.

Во текот на изминатите 24 часа, не е регистрирано починато лице. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин,   регистрирани се две починати лица од Скопје (56г) и Кавадарци (84г), починати во период од 21.09 до 02.10 2022, лицата се починати во домашни услови.

Досега во земјата се направени вкупно 2.164.862 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 343.143, бројот на оздравени пациенти е 333.158, на починати е 9.539 а бројот на активни случаи изнесува 446.

By Author