Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 912 тестови, а регистрирани се 134 нови случаи на КОВИД-19. Истовремено регистрирани се 144 оздравени пациенти, но и едно починато лице.
Од вкупниот број на позитивни (134), регистрирани се 33 реинфекции.
Во текот на изминатите 24 часа пријавено е едно починато лице, од Куманово (65г). Лицето е починато во болнички услови. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, регистрирани се две починати лица, од Струмица (74г) и Виница (76г). Едно лице е починато во болнички и едно лице во домашни услови. Лицата за починати се пријавени во период од 29.08. – 31.08.2022
Досега во земјата се направени вкупно 2.155.983 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 341.261, бројот на оздравени пациенти е 330.472, на починати е 9.502, а бројот на активни случаи изнесува 1.287