Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа од направени 1.317 тестови се регистрирани се нови 600 случаи со КОВИД-19, 743 оздравени пациенти, како и шест починати пациенти – по двајца од Скопје (66г и 75г) и Охрид (83г и 83г) и по еден од Ресен (72г) и Радовиш (72г)), и 743 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство.

Од вкупниот број на позитивни (600), регистрирани се 134 реинфекции.

Согласно, регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој Термин“ регистрирани се четири починати лица од Кочани (85г), Струга (69г), Куманово (72г) и Кичево (62г). Две лица се починати во болнички услови и две во домашни услови. Лицата за починати се регистрирани во период од 16.07 до 08.08.2022 година.

Досега во земјата се направени вкупно 2.133.045 тестирања на КОВИД-19. Вкупниот број КОВИД-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 333.948, бројот на оздравени пациенти е 320.449, на починати е 9.410, а на активни случаи изнесува 4.089

By Author