Согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа направени се 1 537 тестови, а регистрирани се 679 случаи на КОВИД-19, од кои, 291 оздравен пациент, нема пријавено починати лица, информира Министерството за здравство.
Од вкупниот број новозаболени (679), 130 се реинфекции.
Досега во земјата се направени вкупно 2.130.248 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 332.667, бројот на оздравени пациенти е 318.890, на починати е 9.398.
Во моментов се активни вкупно 4.379 случаи на коронавирусот