Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1866 тестови, а регистрирани се нови 884 случаи на ковид-19, 745 оздравени пациенти и едно починато лице.
Од вкупниот број на ново заболени (884), регистрирани се 190 реинфекции.
Во текот на изминатите 24 часа пријавено е едно починато лице од Скопје (77 г) во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од „Мој термин“ регистрирани се 4 починати лица, по едно од Струмица, Штип, Кочани и Гостивар. Од пријавените лица, 3 се починати во болнички, а едно лице во домашни услови. Лицата за починати се пријавени во период од 29.6 до 25.7.2022 година.
Досега во земјата се направени вкупно 2 114 405 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 326 154, бројот на оздравени пациенти е 311 760, на починати е 9368, а бројот на активни случаи изнесува 5026.