Во последните 24 часа регистрирани се нови 66 случаи на КОВИД-19, од направени 983 тестови. Оздравени се 115 пациенти, а не е пријавено ниту едно починато лице, информира Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за јавно здравје.

Од вкупниот број на позитивни (66), регистрирани се 13 реинфекции.

Во текот на изминатите 24 часа не е пријавено ниту едно починато лице. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин не се регистрирани починати лица.

Досега во земјата се направени вкупно 2.067.648 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 312.673, бројот на оздравени пациенти е 303.007, на починати е 9.316, а бројот на активни случаи изнесува 350.

By Author