Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 1.192 тестови, а регистрирани се 48 нови случаи и починати лица ( 2 ). Регистрирани сe 253 оздравени пациенти.
Од вкупниот број на позитивни (48), регистрирани се 7 реинфекции.
Во текот на изминатите 24 часа, се регистрирани 2 починати лица од: Струга (64г) и Прилеп (63г) , сите лица се починати во болнички услови.
Од вкупниот број на починати лица ( 2 ), кај сите лица се регистрирани коморбидитети.
Досега во земјата се направени вкупно 1.955.058 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 305.114, бројот на оздравени пациенти е 294.072, на починати е 9.208, а бројот на активни случаи изнесува 1.834.