Атлетиката можеби е најстара од сите спортови, но и во неа ваква ситуација не се памети.
Алберто Нонино засекогаш си обезбеди место на врвот на листата „Најбизарни спортски несреќи“.
Никој не знаеше дека една трка на 400 метри во десетобој на Светското јуниорско првенство ќе стане антологија, но навистина ќе се раскажува уште долго.
Имено, на Нонин наводно му се скинале шорцевите на сред трка, па во еден момент морал да ја намали брзината. Имено, во страв дека неговиот полов орган нема да се види на телевизиите ширум светот, тој ја заврши трката на претпоследното место, цело време мораше да го покрива меѓуножјето со раката.
Нималку неочекувано, таа снимка брзо стана хит.
Новинарот Давид Санчез де Кастро подетално го запозна светот со тоа.
„Можеби не објаснив добро. Пенисот му избега на страната на шорцевите и мораше да го држи што му оневозможуваше нормално да трча бидејќи таа работа леташе лево-десно“, рече Де Кастро.