Австрискиот министер за здравство Јоханес Рауч на прес-конференција најави дека повторно ќе се воведе обврската за носење маски низ целата земја.

Засега тоа ќе важи за затворените простори како супермаркети, јавен превоз, аптеки и банки.

Градот Виена има построг пристап, а маските се задолжителни во сите затворени простори, вклучително и малопродажба и концерти.

„Ќе го воведеме повторно барањето за маска во затворен простор“, рече Рауч.

За потсетување, Австрија од 1 април ќе ја промени стратегијата за тестирање на корона вирусот и оттогаш секој граѓанин ќе има можност пет пати да се тестира со PCR тестот и пет пати со антигенскиот тест бесплатно.

By Author