Еден забавен сопственик на механичарски работилница во Сиднеј Австралија решил да се пошегува со патниците кои летаат за Сиднеј имено тој н кровот на својата работилница напишал Добредојдовте во ПЕРТ па сите кои пристигнуваат по прв пат во Сиднеј се по малку збунети.
Бред Хесман со големи букви напишал „Добредојдовте во Перт“ на покривот на периферијата на Сиднеј, оддалечен околу 3.300 километри од Перт.
Тој за локалните медиуми изјавил дека се решил на тој потег со цел малку да се пошегува со луѓето кои пристигнуваат на аеродромот во Сиднеј.
Овој шегаџија, оваа шега не го чинела баш ефтино па за боја одвоил цели 4.500 австралиски долари околу 2.800 евра но реакциии од патниците не изостануваат тоа е сигурно.