Најмалку 15 лица загинаа во вооружен напад извршен од неколку возила во пограничниот град Рејна во североистокот на Мексико.

Криминалните активности ги води Голф картелот. Локалните власти потврдија дека нападот врз неколку контролни пунктови во источниот дел на Рејно, кој се граничи со американскиот град Мекален во Тексас, започнал во саботата попладне, наведувајќи дека „владее паника меѓу граѓаните“, пренесува „AP“.

Поради овој напад беа распоредени единици на мексиканската армија, Националната гарда, полицијата и другите безбедносни агенции.

Полицијата заплени три возила и уапси лице кое во багажникот на неговиот автомобил држело две жени, кои очигледно биле киднапирани.

Градоначалникот Рејно Ортиз Домингез побара да се расчисти овој вооружен напад и да се обезбеди заштита на сите граѓани.

By Admin