Бритни Спирс наполни 40 години, а зад неа е еден прилично турбулентен период. Таа се вери,и се ослободи од старателството на нејзиниот татко и си ја врати слободата.
Ако некој незапознаен набљудувач праша за хронологијата на нејзиниот бурен живот таа започнува уште во детството, а на овој посебен ден најдобро е да се сумираат 40 години хитови, концерти,скандали, плачење, смеа, песни и избричени глави.
Бритни Спирс е родена во државата Мисисипи, а пораснала во Кентвуд. Нејзината мајка Лин била учителка во основно училиште, а нејзиниот татко Џејми работел во градежништво. Според неговите зборови, Бритни почнала да чувствува страв уште од мали нозе, со оглед на тоа што често се опивал и ја малтретирал мајка и.
Големата приказна за Бритни започнува во 1989 година кога како осумгодишна девојче таа оди на аудиција за клубот Мики Маус на каналот Дизни. Иако на почетокот продуцентите едногласно одлучија дека Бритни е премлада за јавно појавување, еден од нив сфаќајќи колку е талентирана, реши да и најде агент во Њујорк. Благодарение на него, таа помина неколку месеци на Менхетен со нејзината мајка и помладата сестра, посетувајќи го „Професионалното училиште за изведувачки уметности“.
Во 1991 година, таа играше опседнато дете во филмот „Безмилосен“. Иако не ја помина првата аудиција за клубот Мики Маус, во вториот обид на единаесетгоди се појави на аудиција и со Кристина Агилера, Џастин Тимберлејк и Рајан Гослинг блеска во детската шоу програма. На 14 години го напуштила училиштето за целосно да се посвети на поп-кариерата во која највеќе ја поддржувала нејзината мајка.„Бев сигурна дека Господ има планови за неа“, изјавила Лин.
По завршувањето на снимањето на програмата на Дизни, таа се запишала во средно училиште. На 15-годишна возраст го потпишала договорот со Jive Records и во следните две години го снимила својот деби албум со продуцентите Ерик Фостер Вајт и Макс Мартин.
Во почетокот на 1998 година го сними албумот „Baby One More Time“, кој беше објавен само една година подоцна. Бритни во меѓувреме снима реклами по трговските центри. А кога албумот конечно беше објавен, тој постигна успех и многу брзо се најде на врвот на сите музички топ листи, со што стана првиот деби албум кој стана албум на годината во САД.
Токму ова видео е обид на нејзините менаџери да се збогатат на тогаш малолетната Бритни. Сето тоа оставило трага и на неа. Почнала да пие на 13 години, а се дрогирала додека го снимала својот прв албум. На неполни 15 години, таа ја изгубила невиноста со извесен Реџ Џонс, тогаш 17-годишен, иако се заколна дека првото сексуално искуство го чува за Џастин Тимберлејк.
Сите се сеќаваат на нејзината легендарна и според многумина непрежалрна врска со нејзиниот колега Џастин Тимберлејк. Тие се запознале во Дизни, а потоа малку подоцна, во 1999 година и ја потврдиле романсата која траела до 2002 година. Нивниот пад беше многу турбулентен и за него се зборува и денес, а веќе е познат факт дека по паузата Џастин ја објави песната „Cry Me a River“ која алудираше на измамата на Бритна поради која многумина тогаш јавно ја навредуваа. . По овогодинешниот документарен филм за пејачот, фановите го нападнаа Џастин, за што тој конечно јавно се извини за сите потези кои некогаш ги направил и кои сега ги смета за погрешни. Сепак, причината за нивното раскинување никогаш не и стана позната на јавноста, иако Џастин во едно интервју изјави дека и ветил на Бритни дека никогаш нема јавно да каже зошто тргнале по свој пат во 2002 година.
Во 2004 година, Бритни се вљуби во раперот Кевин Федерлајн (43), со кој се омажи истата година, а три години подоцна поднесе барање за развод. Имаа два сина за кои се грижеше Кевин, а Бритни плаќаше алиментација. Шон Престон е роден во 2005 година, а Џејден Џејмс е роден во 2006 година. Треба да се спомене и „брзиот“ брак на Бритни Спирс, кој се издржа цели 55 часа. Свадбата беше во Лас Вегас со Џејсон Александар. Тогаш започнува борбата која целосно ќе ја обележи нејзината кариера.
Зошто Бритни ја избричи главата во 2007 година? Пејачката мораше да го трпи животот кој и беше наметнат со години, секој ден имаше посебни распореди до кои мораше строго да се придржува, секој нејзин потег во јавноста или изјава да биде добро испланиран. Насобраната анксиозност и депресија си го направија своето. Видно под опијати, Бритни во 2007 година влегла во фризерски салон и побарала од фризерите да и ја избричат главата. Откако шокираните фризерки одбиле да го направат тоа, пејачката решила да ги преземе работите во свои раце и тоа го направила сама.
Потоа отиде во салонот за тетоважи и реши да направи тетоважа. Тие сцени, се разбира, папараците ги снимиле. Спирс за прв пат беше сместена во институција додека се соочуваше со очигледни ментални здравствени проблеми поради злобното малтретирање на папараците во 2008 година, кога се појави и нејзиниот проблем со старателството, за кој таа ја обвинува нејзината мајка.
Старателството над поп-пејачката заврши во 2021 година, кога судијката Бренда Пени во Лос Анџелес го симна нејзиниот татко од тронот и со тоа изгуби секаква контрола над имотот на неговата ќерка вреден 60 милиони долари. Движењето „Слобода за Бритни“ конечно победи. Од нејзиното „затворање“ во 2008 година, милениците на пејачката започнаа движење и се бореа со неа за ослободувањето што го доживеаја по 13 години.
Бритни Спирс неодамна објави дека се верила со Сем Асгари (27), нејзиниот личен тренер. Заљубената пејачка го запознала својот на снимањето на нејзиниот спот во 2016 година, а оттогаш нивната љубов не стивнува – доказ за тоа се објавите на Инстаграм.