Лео Меси по седми пат ја доби златната топка, награда за најдобар фудбалер на светот која секоја година ја доделува “Франс фудбал”.

Дали навистина оваа година златната топка отиде во вистински раце. Меси оваа година ја освои Копа Америка и тоа е се.

Жоржињо италијанскиот репрезентативец годинава стана 11-от играч кој во една сезона триумфирал во Лига на шампионите и на Европското првенство,за потоа во период од 74 дена да направи хет-трик освојувајќи го со Челзи супер купот на УЕФА, Левандовски со неговите 53 голови , Бензема кој што имаше големо влијание во играта на Реал, успехот на овие играчи зарем помалку вреди.

Оваа година за прв пат се доделува награда за најдобар напаѓач, неа ја доби Левандовски.Се предпоставува дека наградата е воведена као би се смириле реакциите во јавноста.

By Author