Потребни состојки за тестото:
8 јајца
8 лажици шекер
16 лажици ораси
4 лажици брашно
Подготовка:
Се матат 4 јајца со 4 лажици шекер 8 лажици мелени ореви и 2 лажици брашно
Се пече во четвртаст плех не многу голем, се мати уште една ваква кора.
Состојки за карамел:
500 гр шекер
1/2 л млеко
100 гр чоколадо
50 гр путер
Подготовка:
Се вари карамел не многу густ. Првата кора се прелива со топол карамел. Се оладува и врз карамелот се филува со чоколаден фил. Врз филот се става втората кора.
Состојки за фил:
200 гр путер
200 гр прав шекер
100 гр чоколадо
1 шлаг крем-чоколадо
1пудинг чоколад
250 гр мелени ораси
Се вари пудингот и откога ќе се тргне од огинот се додава чоколадата.
Путерот се мати со шекер и потоа се додава изладениот пудинг, изматената шлаг пена и мелените ораси. Се премачкува и втората кора со филот, а врз него се става глазура од чоколадо.
Глазура:
200 гр чоколадо
3 лажици шекер
6 лажици вода
1 лажица маргарин
Се прелива со глазурата благото и се остава да одстои да се стврдне чоколадото а потоа мже да се украси по желба, а и не мора. Се сече на коцки.
Пријатно!