Денеска е 218-от ден од војната во Украина.
Русија анектираше 15 отсто од украинската територија
Путин и проруските лидери потпишаа декрети за припојување кон Русија, со што беа припоени 15 отсто од територијата на Украина.
Проруските лидери на четири украински региони го потпишаа указот за припојување кон Русија.
Путин му се закани на Западот
„Западот сега печати пари, но со тие пари не може ниту да се нахрани, ниту да се стопли. Ним им треба храна и енергија. Ќе мора помалку да јадат и да се тушираат, но и да се облекуваат топло“, рече Путин.
„САД се единствената земја што употреби нуклеарно оружје“
„Западните нации со децении велат дека на светот му носат демократија и слобода, но вистината е спротивна. Наместо слобода, тие уништуваат. Западниот светски поредок е лицемерен и полн со лаги. САД е единствената земја која некогаш користела нуклеарно оружје во војна. САД и Велика Британија за време на Втората светска војна, Дрезден, Келн и Хамбург ѓи срамнаа со земја, без никаква потреба“, рече Путин.
„Западот сака да ја уништи Русија“
„Западот сака да ја уништи Русија, земја полна со природни ресурси. Западот сака да воспостави нов светски поредок и да го ограби целиот свет. Затоа тие се толку агресивни против нашата независна земја“, рече Путин.
Путин истакна дека Русија сега има четири нови територии, мислејќи на Херсон, Запорожје, Доњецк и Луганск.
Тој рече дека ќе ги брани со сите сили, а на жителите им порача дека и официјално се дел од Русија.
Едноминутно молчење за хероите
Рускиот претседател ги замоли сите во салата да станат во чест на, како што рече, хероите од специјалната воена операција, и одржано е едноминутно молчење.
– Нескротливите луѓе на Донбас, Запорожје и Херсон го кажаа својот збор. Тие стануваат наши граѓани, засекогаш – рече Путин, по што беше пречекан со громогласен аплауз.
Апел до Киев
Во својот говор Владимир Путин го повика Киев веднаш да го прекине огнот и да се врати на преговорите.
„Огнот гори од 2014 година, сега ве повикувам да застанете и да се вратите на преговарачка маса“.
Зеленски се сретна со военото раководство
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска се сретна со воените команданти за да разговараат за „понатамошниот план за ослободување“ на украинските територии.
Зеленски на Телеграм напиша дека разговарале и за испорака на оружје до вооружените сили на Украина, како и за можните идни планови на Русија по инвазијата на Украина.
„Ќе преговараме, но со друг претседател“
Одговарајќи на тврдењата на Владимир Путин дека Киев мора да го прекине огнот и да седне на преговарачка маса, украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека тоа мора да се направи со друг руски претседател.
„Украина беше и останува лидер во преговарачките напори. Нашата земја секогаш и нудела на Русија да постигне договор за соживот под еднакви, фер, пристојни и фер услови. Очигледно е дека со овој руски претседател тоа е невозможно. Затоа, ние сме подготвен за дијалог со Русија, но веќе со друг претседател“, рече Зеленски.