Повеќето од жртвите на самоубиствениот напад во Кабул се девојчиња, пренесе агенцијата Франс прес, повикувајќи се на изјави на очевидци. Дали е ова начин да се заплашат девојчињата да се образоваат?

Најмалку 19 лица загинаа денеска, а 27 се ранети во напад на бомбаш самоубиец.

Нападот бил во образовен центар во шиитската област Дашт-и-Барча, каде студентите се подготвуваат за приемен испит на универзитетот.

Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот.

Бројот на напади во Авганистан се намали откако талибанците ја презедоа власта во август 2021 година, но безбедносната ситуација се влоши во последните месеци.

Образованието е чувствително прашање во Авганистан, бидејќи Талибанците се противат на тоа девојчињата да одат во средни училишта. Групата Исламска држава исто така се противи на образованието на жените и девојчињата.

By Author