Денеска е 174-от ден од војната во Украина.

Вооружените сили на Украина го нападнаа Доњецк, се запали автобус
Украински војници ја нападнале територијата на водоводот во киевскиот округ Доњецк, како последица на гранатирањето се запалил автобус, соопштија од штабот на територијалната одбрана на Доњецката Народна Република.

– Вооружени формации на Украина ја нападнаа територијата на водоводот лоциран покрај улицата Шчорса во киевскиот округ Доњецк. Автобусот се запали – пишува централата на својот Телеграм канал.

ОН ќе ја поддржат посетата на инспекторите на нуклеарната централа на Запорожје
Обединетите нации имаат логистички и безбедносни капацитети да ја поддржат посетата на инспекторите на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) на нуклеарната централа Запорожје во Украина, условот е да се согласат и Русија и Украина, изјави портпаролот на ОН Стефан Дизарик.

Така тој одговори на обвинувањето на Русија дека ОН ја блокирале посетата на инспекторите на МААЕ на најголемата нуклеарна централа во Европа, која Русија ја затвори во март, пренесува Ројтерс.

Дизарик рече дека секретаријатот на ОН нема овластување да ги блокира или откажува активностите на МААЕ.

– Во близок контакт со МААЕ, Секретаријатот на ОН оцени дека во Украина има логистички и безбедносен капацитет за поддршка на секоја мисија на МААЕ во нуклеарната централа Запорожје – рече Дизарик и додаде дека и Русија и Украина мора прво да се согласат на ова.

Вонредна ситуација на Крим по експлозијата
Пожар избувна на територијата на привременото складиште за муниција на Крим
Првиот човек на Крим, Сергеј Аксјонов се наоѓа во областа Џанкој, каде утринава, како што соопшти Министерството за одбрана, избувнал пожар на територијата на привремено складиште за муниција на една од воените единици.

Двајца цивили се повредени, но нивните животи не се загрозени. Населението се евакуира и се изнесува од зоната на растојание од пет километри, заради безбедност – рече Аксјонов.

По детонацијата на муниција во складиштето во Џанкој на северот на Крим, воведен е регионален режим на вонредна состојба, изјави денеска лидерот на Крим Сергеј Аксјонов.

„Ние сме во вонредна состојба“, изјави Аксјонов на новинарите, пренесе РИА Новости.

Исто така, како што рече, повеќе од 3.000 луѓе се евакуирани од две населени места во зоната на детонација на муниција.

Москва тврди: Диверзија во нуклеарната централа Курск
Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) денеска соопшти дека на 4, 9 и 12 август, украински саботери дигнале во воздух вкупно шест далноводи преку кои нуклеарната централа Курск ја снабдува со електрична енергија индустријата, сообраќајот, инфраструктурата и населението на таа и соседните области.

„Активностите на саботери го оневозможија технолошкиот процес на функционирање на нуклеарната централа Курск“, се наведува во соопштението на ФСБ.

By Author