Старо правило војната секогаш на некого му носи на некој му однесува. Војната во Украина и санкциите што ги воведоа ЕУ и САД очигледно не ги дадоа очекуваните резултати, а во целата таа приказна Турција очигледно добро се снаоѓа.

Голем број земји од ЕУ се загрижени поради значителното зголемување на трговската размена на Турција со Руската Федерација и побараа од Анкара информации за односите со Москва, пишува „Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на извори во ЕУ.

– Членките на ЕУ се повеќе се загрижени за растот на трговијата на Турција со Русија и нејзиниот потенцијал да и помогне на Москва како замена за европскиот увоз и извоз… Некои главни градови побараа од Анкара информации за односите со Кремљ, пишува весникот.
Портпаролот на турското Министерство за трговија рече дека промената во трговијата со Русија е „мала“, но не наведе детали.

Според весникот, во изминатите три месеци турскиот извоз во Русија е зголемен за 46 отсто во однос на истиот период лани.

Претходно турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Анкара и Москва потпишале документ за создавање „патна карта“ за економијата, со намера трговската размена да се доведе до 100 милијарди долари.

Според турскиот лидер, претседателите на двете земји се договориле и да се префрлат на националните валути во трговијата.

By Author