Руската служба за безбедност (ФСБ) денеска соопшти дека е уапсен дописник на американскиот весник „Волстрит журнал“ под сомнение за шпионажа во корист на Вашингтон.
Како што се наведува, ФСБ ги разоткри „незаконските активности“ на Еван Гершкович, акредитиран дописник на американскиот весник.
Гершковиќ работи во московската редакција.
ФСБ наведува и дека Гершкович е американски државјанин и дека е осомничен за „шпионажа“ во корист на Вашингтон.