Вооружените сили на САД мора да престанат да ја провоцираат Кина во Јужното Кинеско Море, во спротивно тие ќе бидат одговорни за какви било потенцијални инциденти, предупреди денеска портпаролот на кинеското Министерство за одбрана Тан Кефеи, коментирајќи го бродот на американската морнарица кој наводно пловел во близина на островите Парасел, под кинеска контрола во Јужното Кинеско Море.

„Строго бараме Соединетите Американски Држави веднаш да престанат со ваквите провокации, бидејќи во спротивно ќе сноси целосна одговорност за сите сериозни последици од нивното предизвикување потенцијален инцидент“, рече портпаролот на кинеското Министерство.

Тој посочи дека Кинеската Народноослободителна армија ќе ги преземе сите неопходни мерки за заштита, како што наведе, националниот суверенитет и безбедност и „одлучно ќе ги брани мирот и стабилноста во Јужното Кинеско Море“.

Во близина на островите Парасел минатиот петок мина разурнувачот со наведувани ракети УСС Милиус од класата Арли Бурк.

Кинескиот врв тврди дека американскиот воен брод тоа го направил без дозвола на кинеската влада и го нарушил суверенитетот на Кина.

Седмата флота на САД одговори во соопштение за печатот дека американскиот разурнувач дејствувал во согласност со меѓународното право додека ја спроведувал операцијата Слобода на навигација ФОНОП.

By Author