САД ќе испратат носач на авиони со борбени авиони во Ормутскиот теснец „за да ги заштитат бродовите“, изјави портпаролката на Пентагон Сабрина Синг.
Според неа, носачот на авиони ќе оди во областа на одговорност на Централната команда на Пентагон „за да ги заштити американските интереси и слободата на навигација во регионот“.
Таа нагласи дека наредбата на шефот на Пентагон се уште не го одредила времетраењето на престојот на бродовите во теснецот.
Претходно, САД објавија дека комерцијалните бродови биле пресретнати од иранската војска.