„Полицијата уапси странец за кој се верува дека го предизвикал пожарот во Куварас“, кој се наоѓа на околу 50 километри источно од Атина.

Полицијата уапси маж осомничен за подметнување шумски пожар на околу 50 километри источно од Атина, соопшти грчката противпожарна служба.

Пожарникарите не ја прецизираа националноста на лицето, додека денеска избувна уште еден шумски пожар западно од Атина.

Противпожарните служби соопштија дека се води голема битка со времето, бидејќи ноќе не може да се користат хеликоптери и авиони за гаснење пожари кои во моментов играат голема улога во овие акции.

Околу 200 пожарникари, 68 возила и 16 авиони се обидуваат да го локализираат огромниот пожар што денеска избувна во Грција, во близина на Атина. Силниот ветер брзо го рашири огнот, а во налет на пожар изгореа куќи, а населението беше евакуирано. Според извештаите, спасени се 146 луѓе.

На локалното население им било наредено да ги напуштат своите домови, а стотици деца биле евакуирани од летниот камп. Пожарот што избувна во селото Куварас, на околу 27 километри од грчката престолнина, поради ветерот брзо се прошири, изјави претставник на грчката противпожарна служба.

Грчката телевизија прикажа неколку куќи и автомобили уништени во пламенот. Нервозните коњи биле преместени од запалени штали во камиони во блиското село, покажува видеото на Ројтерс.

– Поради силниот ветер пожарот за два часа се прошири на 12 километри – изјави портпаролот на грчката противпожарна служба, Јанис Артопоиос, додавајќи дека полицијата привела лице осомничено за подметнување на пожарот. Сепак, како што објави Катимерини, мажот, за кој се вели дека има романско потекло, по сослушувањето бил ослободен.

Артофиос изјави и дека утре ќе биде многу тешко од аспект на опасност од пожар бидејќи се очекуваат многу силни ветрови.

By Author