Ахмет Чалик, поранешен турски репрезентативец загина во сообраќајна несреќа.

27-годишникот беше член на Коњаспор за која годинава одигра дури 18 натпревари, а животот го загуби кога изгуби контрола над возилото на патот Анкара – Нигде.

Брзата помош набрзо се нашла на местото на несреќата, но сепак пристигнала предоцна.

Во возилото бил само тој.

Пред Коњаспор го носеше дресот на Галатасарај и Генчербирлиги, а осум пати настапуваше и за турската репрезентација. Последен пат за Турција играше во 2018 година.

Како играч на Галатасарај освои две титули, Купот и Суперкупот на Турција.

By Author