Бразилките отсекогаш биле познати по алтернативни методи за нега на кожата и косата. Они кортистат пилинг со песок за целулитот,користат кокосово масло на сите можни начини и тие не престануваат да изненадуваат. Најновиот „изум“ ги согорува оштетените краеви на косата со отворен пламен. Добро слушнавте. Таканаречената „велатерапија“. Познатиот ангел на Викторија, Барбара Фиало, се колне во овој третман.

Таа истакнува дека нејзината чувствителна коса не можела да го издржи класичниот третман за зацрвстување, па затоа решила буквално да ја изгори косата,за да ја направи поубава. И навистина, тоа не може да се негира. Но, приказната за тоа како „дише“ косата по овој третман е поздрава од кога било и изгледа убаво сепак звучи како лудило. Како и да е, откако го погледнав клипот (при што, признавам, постојано се поместувам од страв дека ќе остане потполно без влакна), мојот прв впечаток беше повеќе од воодушевање. Резултатите, па дури и постапката (помислата дека нешто природно – дури и оган – ќе ја направи мојата коса поздрава и поубава, секогаш ме тера да размислувам во правец на целта-оправдува-средствата).

Искрено иако целата приказна изгледа како лудило и многу фризери ширум светот беа шокирани и ги побија теориите за корисноста на овој третман. Сепак, ова не ги спречи Бразилките да продолжат наизменично да ја растат и да ја палат косата, ниту пак ние обичните смртници да им „завидувавме“ на „ и на храброста, и на убавината, и на идеите, или да ги критикуваме. Од истите три причини.Што се однесува до мене, јас сум детски ентузијаст. Можеби малку исплашена. Но, се некако ми е јасно. Освен едно: Како го издржуваат тој сигурно неподнослив мирис на изгорена коса и постојан страв? Од друга страна, и тоа ми е прилично јасно. Ова е доба на естетика. Се ќе се издржи заради убавина. На крајот на краиштата, погледнете, па проценете сами.

By Author