Самоубиство на малолетничка било пријавено во полицијата и на истражните органи кои излегле на местото на настанот.
Девојче (15) години синоќа извршило самоубиство бесејќи се во семејната куќа во населбата Вињиште во Крагуевац, потврдено е од Брзата помош во Крагуевац.Брзата помош била повикана неколку минути пред полноќ, екипата брзо излегла на терен, ја реанимирале девојката, но било предоцна и лекарите можеле само да ја констатираат смртта.
Мотивите за самоубиството сеуште не се познати.