Добар рецепт за „солени“ секогаш е корисно да го имате при рака
Од кујната на баба доаѓа предлог за појадок или ручек. Брзо се подготвува и затоа е идеален за недела наутро, кога сакаме малку да се одмориме и да ги подготвиме силите за новата работна недела.
Неопходно е:
200 мл. јогурт
2 јајца
150 гр брашно
100 гр шунка
50 мл. маслиново масло
2 лажици сечкани маслинки
1/2 прашок за пециво
50 гр рендано сирење
малку сол
Подготовка:
Изматете ги јајцата, додадете брашно со прашок за пециво, сечканата шунка, масло, маслинки, рендано сирење и јогурт и се убаво изедначете.
Истурете во мала тава која сте ја подмачкале и посипете со брашно.
Се пече на 200 степени околу 40 – 50 минути.Фантастичен вкус, се сервира разладено.