Рускиот претседател Владимир Путин обраќајки се на Федералното Собрание, членовите на Државната дума и Советот на федерацијата директно им се закани.
Говорејќи за сè понапнатата ситуација со односите со Западот, рускиот претседател посочи дека сите веќе се навикнати на практиката на воведување санкции, но дека овој пат ситуацијата е надвор од контрола, а тоа се организирани политички атентати.
„Можеме да мислиме што сакаме за Јанукович, Мадуро, Лукашенко, но организирање на државни удари и политички убиства е претерано, ги преминаа сите граници, истовремено сите навикнаа на примената на нелегални санкции во економијата. Сега таа практика прераснува во нешто опасно. Мислам на обидот да се организира пуч и атентат врз претседателот на земјата во Белорусија”. Западот не се грижеше за Белорусија и Украина кога таму се случуваа политички пресврти, но секогаш постои навика да се „фаќаат за Русија“ во секоја прилика, истакна Путин.
„Тоа како да е некој вид спорт“, забележа Путин, по што директно се закани „Организаторите на било какви провокации наменети кон Русија, ќе зажалат како никогаш досега“.
Како што вели тој Русија има трпение и професионалност за било какви мерки, предупредувајќи ги сите земји да не ги преминат црвнеите лини во односот со Русија.
„Ако некој се обиде да го повиши и да има себичен тон кон земјава, Русија ќе има со што да одговори“, рече Путин.