Банката на Англија и Министерството за финансии објавија дека формираат работна група за истражување на можноста за создавање дигитална валута за централната банка. Целта на истражувањето е да се разгледаат ризиците и можностите поврзани со создавање на нов вид дигитални пари.

Банката евентуално би вовела дигитална валута за домаќинствата и за претпријатијата, и би потоела напоредно со готовите банкарски депозити, наместо да ги заменува, пренесува „BBC“.

Банката и Владата сакаат „широко да соработуваат со засегнатите страни“ за придобивките и практичноста на дигиталните пари, додава медиумската агенција.

Банката соопшти дека е заинтересирана за дигиталната валута (CBDC) затоа што како што наведуваат во соопштението „ова е период на значителни промени во парите и плаќањата“. Од банката сметаат дека користењето на готовина во финансиските трансакции во последниве години стабилно опаѓа, додека плаќањата со картички растат.

Сопствената дигитална валута на Банката на Англија дополнително би била начин да се „избегне ризикот од нови форми на правење приватни пари“, вклучувајќи крипто-валути како што е биткоинот. Доколку се воведе CBDC, тој ќе биде деноминиран во фунти, исто како и банкнотите и ќе има фиксна вредност.

By Admin