На 09.12.2021 пред угостителски објект на подрачјето на Сарај, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција го лишија од слобода Б.Т.(54) од Скопје. За него била распишана потерница за доиздржување на казна затвор во времетраење од 6 години и 2 месеци, а по барање од Казнено-поправната установа Затвор Прилеп. Лицето ќе биде спроведено во установата за доиздржување на казната. 

By Author