ССМ за утре има најавено протест, а едно од барањата се минималната плата да изнесува 60% од просечната плата .

Владата најавува после Нова Година зголемување на минималната плата, а министерот за економија Крешник Бектеши неделава што измина беше последен со изјава за таква можност.Бектеши најави дека минималната плата после Нова Година треба да изнесува 18000денари. Тој нагласи дека платите не стојат но во котинуитет растат, за споредба кажа дека во 2016 година просечната плата била22.000-23.000 а сега28.820 денари.

Според Синдикакот зголемување на минималната плата е неопходно, но и дека треба да следи спирално зголемување на останатите плати. Барањето на зголемување на минималната плата и спиралното зголемување на останатите плати ССМ го образложува со зголемените цени на прехрамбените производи и најавата за енергетска криза каде РКЕ кажува дека цената на струјата од 1 ви јануари ке се зголеми најмалку за 20%.

Во Бизнис конфедерацијата на Македонија се поделени во оценките колку бизнисот може да го издржи најавеното зголемување на платите.

Владанка Трајковска председател на Организацијата на работодавачи за МИА изјави дека,ОРМ по однос на најавата за покачуање на минималната плата на 18.000 денари немале консултации ни со Владата ни со синдикатите.

Последен пат висината на минималната плата беше усогласена во 2019 година после неколку месечно преговарање на синдикатите и работодавачите.

By Author