Совршен за сладок појадок или десерт.
Целосно зависи од вас дали сакате да ги направите овие одлични вегански топчиња со суво грозје од цимет за појадок или десерт, тие се совршени и за двете.
Мекиот бисквит има вкус на помалку сладок бисквит благодарение на засладувачкото суво грозје, но ако сте љубители на малку поегзотичен вкус, тие можат да послужат и како замена за леб па да направите сендвичи.
Ако не сакате да експериментирате, секогаш можете да ја зголемите сладоста со глазура или со едноставно посипување шеќер во прав.
Состојки:
– 1,5 шолче бадемово млеко
– 4 шолчиња брашно
– 1/4 шолче шекер
– 1,5 лажица јаболков оцет
– 1 лажица ванила
– 1,5 лажичка прашак за пециво
– 2 лажички цимет
– 1,5 лажичка сол
– 200 гр маргарин исецкан на коцки
– 50 гр растопен маргарин
– 100 гр суво грозје
– шекер во прав
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 250 степени и подгответе плех со хартија за печење. Соединете ги бадемовото млеко, оцетот и ванилата заедно за да ја направите мешавината. Ставете ја на страна.
Во поголем сад измешајте ги брашното, шеќерот, прашокот за пециво, циметот и солта. Измешајте се заедно.
Во брашното додадете ладен маргарин исечен на коцки и матете со вилушка додека не се соедини.
Додадете суво грозје и измешајте.
Истурете ја смесата од мешавината и измешајте додека не се формира меко тесто.
Површината лесно набрашнете ја и одозгора ставете го тестото. Месете го тестото додека не се соедини.
Со сукало расукајте го тестото во правоаголник со дебелина од еден сантиметар. Со калап исечкајте тркалезни форми или може некои интересни што ќе го привлечат вниманието на децата па ставете ѓи во подготвениот плех, па оставете во замрзнувач 15 минути.
Извадете ги погачиците од замрзнувачот и премачкајте ги со стопен маргарин.
Ставете во рерна и печете 15 до 18 минути или додека не порумени.
Кога ќе ги извадите од рерна, по желба можете да ги посипете со шеќер во прав.