Потребни се околу 180 минути за да се подготви ова јадење, но љубителите на посна храна кои пробале посни суви полнети пиперки велат дека чекањето вреди.

За секој залак да ви се „стопи во уста“, потребно е повеќе време да се подготви ова традиционално јадење за состојките да се спојат и сувите пиперки добро да се сварат.

Тие се неизбежен дел од трпезата за време на постот. Имаат повеќекратна „употреба“, иако може да се послужат топли или ладни, како прилог, предјадење или главно јадење.

Состојки:
две помали стебленца праз

четири суви пиперки

една до две лути суви пиперки

еден домат или доматно пире

100 грама толчени (мелени) ореви

зачини, сол црн бибер…

масло

Подготовка:
Пиперките измијте ги со млака вода и ставете ги во врела вода да отстојат 15 минути да омекнат. На загреано масло пропржете ситно сечканиот праз и ренданиот морков, па додадете го оризот,доматот рендан и зачините.

Пропржете ја смесата уште малку и на самиот крај додајте ги оревите и промешајте. Наполнете ја секоја пиперка за да има малку простор на врвот, а потоа отворениот врв од пиперката потопете го во брашното, или може да ѓи затворите со парче домат. Во шерпа или подлабоко тавче наредете ги пиперките во круг. Пиперките може да се прободат со чепкалка за да се зготват подобро. Се прелива со вода и се динста во рерна на 180 степени околу два часа. Кон крајот на печењето направете запршка од масло и црвен пипер и прелијте ѓи пиперките. Вратете ја во рерна и печете уште 15 минути на 200 степени.

By Author