Ако сеуште не сте ја пробале, тогаш правец во кујната … Нема да зажалите!
Состојки:
чаша брашно
чаша гриз
половина чаша шеќер
2 јајца
прашок за пециво
чаша млеко
125 гр путер или маргарин
сок и кора од еден портокал
За прелив:
половина литар вода
половина чаша шеќер
сок и кора од еден портокал
портокали исечени на прстени
Подготовка:
Изматете ги шеќерот и путерот, па постепено додајте ги јајцата, сокот и млекото. Додадете брашно измешано со прашок за пециво и гриз и сè убаво измешајте со миксер.
Смесата истурете ја во намрсена и набрашнета тава и печете околу 45 минути на 180 степени.
Измешајте ги сите состојки за сирупот и кога ќе почне да врие, варете шест минути. Оладениот колач прелијте го со врел сируп и кога ќе се олади ставете го во фрижидер неколку часа.
Уживајте!