Кремаст, богат и вкусен – рецепт кој ќе стане омилен дел од фамилијарните собирања.

Состојки Количина:
КОРИ:_____________________________________________________ФИЛ:
јајца 6_______________________________________________________ млеко 700 мл
шеќер 150 гр_______________________________________________ чоколаден пудинг 2 кесички
брашно 120 гр_______________________________________________ гриз 2 лажици
какао 40 гр____________________________________________________ванилин шеќер 1
прашок за пециво 1/2 кесичка __________________________________шеќер 150 гр
млеко 120 мл __________________________________________________маргарин 200 гр
____________________________________________________________ вишни без семки 300 гр
_____________________________________________________________вишна ракија 6 лажици
______________________________________________________________печени лешници 100 гр
______________________________________________________________шлаг со чоколадо 2 кесички

Како да се подготви
Цврсто изматете ги белките, а посебно жолчките со шеќерот. Измешајте ги какаото, брашното и прашокот за пециво во жолчките, додавајќи малку млеко. На крај измешајте ги белките и испечете три кори од смесата.

Пудингот сварете го со млекото, шеќерот, ванилата и гризот, а кога ќе се олади, измешајте го изматениот маргарин и смесата поделете ја на половина.
Во едниот дел ставете сечкани лешници, а во другиот вишни. Одделно изматете го шлагот. Секоја кора посипете ја со вишновка, намачкајте со тенок слој шлаг, па одозгора нанесете го филот од вишни.

Другата кора премачкајте ја со шлаг, па од таа страна ставете над филот со вишни. Повторно премачкајте ја кората со шлаг, филувајте со фил од лешник и повторете ја постапката. Се става колачот да се излади и потоа се премачкува со преостанатиот шлаг.

By Author