Дека Киев е разочаран од реакцијата на Западот, особено на САД, на нападот што Русија го изврши вчера, покажува изјавата на претседателот на Украина во видеото објавено утринава на неговиот Фејсбук профил. Иако Зеленски директно не ги спомна САД или претседателот Џозеф Бајден, јасно е дека пораката е упатена до него.

Партијата слуга на народот на украинскиот претседател Владимир Зеленски објави дека тој побарал преговори со Русија бидејќи Украинците сами ја бранат својата земја.

Претставничката на таа партија Јелена Шуљак изјави дека слугата на народот сè уште не ги гледа чекорите на Западот кои би можеле да ја натераат Русија да запре – затворање на небото, исклучување на Русија од SWIFT, ембарго на нафта и запирање на извозот од Русија, пренесува UNIAN. .

„Но, Западот не го прави тоа. Да, тие воведоа нови санкции кон Русија. Но, тоа не е доволно. Ние ја браниме нашата земја“, се наведува во соопштението објавено на Телеграма.

Се додава дека е очигледно дека е потребно итно завршување на војната и оти Зеленски меѓу другото предложил преговори.

Украинскиот претседател Владимир Зеленски денеска го покани рускиот претседател Владимир Путин на преговори.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека Путин е подготвен да испрати руска делегација во Минск на преговори со Украина.

By Author