Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров се изјасни против наводите на некои медиуми дека Чеченија ги прераспоредува своите војници.

Како што истакна, Република Чеченија не распоредува безбедносни сили како што е претставена ситуацијата во некои светски медиуми.

– Силите се таму каде што треба да ги извршуваат задачите поставени од претседателот, а волонтерите од републиката се подготвени да изведат секаква специјална операција на која било територија. Според списокот имаме 70.000 луѓе кои се подготвени доброволно да се борат за нашата земја – Русија – рече Кадиров.
Да потсетиме, рускиот претседател Владимир Путин во четвртокот наутро објави дека донел одлука за специјална воена операција за демилитаризација на Украина. Тој во телевизиското обраќање до Русите рече дека околностите „од нас бараат решителна и итна акција, народните републики во Донбас и се обратија на Русија со барање за помош“.

By Author