Портпаролот на германската влада Штефен Хебестрајт го отфрли тврдењето на Борис Џонсон дека Берлин сака Украина да ѝ попушти на Русија и да претрпи брз пораз.
Хебстрајт, како што пишуваат медиумите, ги коментирал зборовите на Џонсон користејќи „невообичаено остра реторика“ на конференција во Берлин.
„Знаеме дека многу смешниот поранешен премиер секогаш имал свој став кон вистината. Овој случај не е поинаков… Мислам дека можам да го кажам тоа од прва рака, бидејќи бев вклучен во преговорите со тогашниот британски премиер во Минхен. само неколку дена пред да започне конфликтот. Тој секогаш има многу личен пристап кон вистината“, рече Хебстрајт.
Да потсетиме дека поранешниот британски премиер Борис Џонсон сподели со јавноста како европските лидери реагираа на руската инвазија на Украина. Тој истакна дека Германија сакала брз пораз на Украина, додека Франција не верувала дека ќе се случи напад додека руските војници не ја преминаа границата.