Десет лица загинаа, а девет се повредени во пожар во станбена зграда во Урумчи, главниот град на западниот кинески регион Ксинџијанг, јави државната телевизија CTV.

Според нив, причина за пожарот, кој избувна вчера на 15-ти кат од зградата, е неисправен електричен разводник, пренесува Ројтерс.

Девет повредени се задржани во болница поради труење со чад, но нивните животи се надвор од животна опасност, јави ЦТВ.

Ова е втор смртоносен пожар во Кина во изминатите неколку дена.

Во пожар во фабрика во централниот кинески град Ањанг оваа недела загинаа 38 луѓе.

By Author