Фамилијата на легендата Маринко Роквич, вчера го соопшти датумот и времето за погреб на пеачот. Комеморацијата по повод смрта на легендарниот пеач, Маринко Роквич ќе биде одржана на 11 ноември 2021 година во 11 часот во четврток во Камената сала на Радио Белград, ќе биде погребан во 14.30 покрај својот татко Драго.
Никола секој 5-ти август се сеќава на својот дедо и ја објавува приказната на друштвените мрежи за Драго Роквич кој загинал во војната во Босна и Херцеговина.
Радио Белград за Маринко беше втора куќа, неа ја ставаше пред сите други.Таму има оставено голем број на трајни снимки и музички записи. Тој својата музичка кариера ја започна во 1974 година.Низ годините сними дваесет и еден студијски албум и неколку сингл плочи. Во наследство остави бројни хитови Скитница, Сваџалице моја мала, Поломио ветар гране, Потражичу очи зелене, Да волим другу не могу, Једина моја, Занела ме светла великог града….
Маринко Роквич почина во саботата на шести ноември,а предходно беше објавено дека е хоспитализиран и неговата здравствена состојба е критична.
Погребот на легендата ќе се одржи во четврток на 11-ти ноември во 14.30 часот во црквата Св.Апостол Тома на Новите бежанијски гробишта.