Млад кромид има насекаде и штета е да не се искористи приликата затоа што е богат со витамини и минерали, а одличен е и за заштита на здравјето. Има антибактериски својства, па затоа штити од воспаленија, помага при настинки, а одличен е и за подобрување на варењето.
Зелениот дел од младиот кромид никогаш не треба да се фрла бидејќи содржи состојки кои се одлични за нашето здравје.
Постојат многу причини да јадете млад кромид секој ден, ова се само некои од нив:
Го штити срцето
Кромидот е полн со антиоксиданси кои ги штитат клетките во телото од оштетување предизвикано од слободните радикали.
Покрај тоа, го одржува крвниот притисок во нормални граници и го намалува ризикот од згрутчување.
Добро е за видот
Овој зеленчук штити од воспаленија и го намалува ризикот од болести на мрежницата. Содржи витамин А, кој е важен за производство на протеин во очите, кој е одговорен за добар вид.
Луѓето на кои им недостасува овој витамин може да страдаат од ноќно слепило и други нарушувања. Еден главиче кромид содржи околу три проценти од дневната потреба за витамин А.
Ги зајакнува коските
Витаминот Ц и К, со кои е богат младиот кромид, се добри за заштита на коските.
Само едно главиче кромид содржи околу 20 отсто од препорачаната доза на витамин К и околу два отсто од витамин Ц.
И двете се важни за густината на коските, како и за нивната сила. Недостатокот на овие витамини ја зголемува шансата за развој на остеопороза и скршеници, пренесува.
Го намалува холестеролот
Посебно е важен зелениот дел од младиот кромид кој некои го фрлаат, а подобро би било да се јаде. Освен што го намалува нивото на лошиот холестерол во крвта, помага и за регулирање на нивото на шеќер во крвта.
Ја прави кожата поубава
Младиот кромид му помага на телото да произведува колаген, кој е важен за убава, здрава и затегната кожа. Колагенот е одговорен за забавување на создавањето на брчки на лицето и го има во многу креми.