Популарната пејачка Милица Павловиќ проговори за инцидентот на еден свој настап кога го зеде телефонот од момчето од публиката и го фрли.
Имено, снимката од инцидентот кружи на социјалните мрежи, а сега Милица на својот Инстаграм профил објаснила што се случило и дека му го фрлила телефонот на момчето од публиката бидејќи, како што напишала, тој се обидел да снима под нејзиното здолниште.
„Еднаш го предупредив, друг пат го предупредив. Реагирав по трет пат. Тоа што сум жена во фустан и сум на сцената не значи дека не заслужувам основна почит“, ја започна објавата Милица и продолжи:
Згрозена сум и разочарана од тоа како некои мажи се однесуваат со жените, и што без срам и покрај предупредувањата мислат дека е сосема нормално да се „пробаме да им влеземе под здолништето“ и дека веројатно треба да бидеме среќни и да се чувствуваме пожелно поради тој гест.
„Не можам да замислам низ што поминуваат сите девојки на состаноци и како таквите мажи се однесуваат кон нив, бидејќи ова е еден вид сексуална злоупотреба на која никој нема право. И јас повторно би го направила истото без размислување би го земала пак телефон и го фрлила за да се заштитам себеси и моето достоинство и да им покажам на таквите луѓе дека тоа што го прават е срамно, недозволиво и заслужува секаква осуда. Ако воопшто можат да го разберат тоа“, изјави Милица.
Милица доби целосна поддршка од своите сопатници, а пејачката и членка на групата „Ураган“, Сања Вучиќ ја коментираше објавата на колешката и сподели дека и таа имала исти „сцени“.
“Тоа се случи безброј пати, и секогаш кога го кажував на микрофон! Мора да има доза на почит и воспитување! Недозволиво”, коментира Сања.