Масакр во полски сиропиталиште: Напаѓач со нож уби девојче и рани девет деца
Во Полска во текот на ноќта се случило злосторство кога 19-годишен маж упаднал во дом за сираци и нападнал деца на возраст од 12 до 16 години, како и еден чувар.
Од повредите почина 16-годишно девојче од Домот за незгрижени деца во градот Томиславце, а според првичните информации се работи за напад со нож.
„Добивме дојава во 23:15 часот. За жал, едно лице починало, а пет се хоспитализирани. Уште седуммина од нив побарале психолошка помош.
Сторителот најверојатно не е од оваа институција“, изјави за „Виртуелна Полска“ Јакуб Стејбах од Противпожарната бригада во Стерај.
Повредените не се во животна опасност и се во болница.
Полицијата го уапсила напаѓачот во текот на ноќта. Станува збор за 19-годишник од Варта кој претходно не и бил познат на полицијата. Тој бил подложен на тестови за алкохол и психоактивни супстанци.
Инспекторите се обидуваат да ги откријат околностите на овој настан.